-->
-->
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-->
СДСМ работи на селекција на кандидати со кои ќе ја бара довербата на локалните избори. Како што вчера изјави лидерот Филипче, целиот процес се очекува да заврши некадде пред крајот на Јуни. Сепак, како што рече тој, до крајот на оваа недела може да се очекува партијата веќе да ги лансира и првите кандидати за градоначалници.
Според Филипче тоа ќе бидат главно актуелни градоначалници со кои партијата ќе атакува на нов мандат. Филипче рече дека најголемиот дел од актуелните градоначалници на СДСМ ќе добијат шанса за нов мандат.
СДСМ досега нема побарано предвремени избори, но Филипче вели дека партијата е консолидирана и дека се подготвени доколку власта се реши на таков чекор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило
-
Малолетник прободен со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар