До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
Времето до крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Само во Полошката Котлина во поголем дел од денот ќе се задржи ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 27 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температура до 24 степени.
Синоптичарите најавуваат дека во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.
- Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст, соопштуваат од УХМР.
Ново на Сител
-
Стартува грејната сезона - Дел од граѓаните се жалат дека се разбудиле со ладни радијатори
-
Министерката за образование на увид на реконструкцијата на студенскиот дом „Кузман“
-
Конгресниот туризам ја продолжува сезоната
-
Со 3 милиони евра Општина Штип ќе го гради најголемиот еко-парк на Истокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Се толерираат ли нестручни кадри во здравствениот систем?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за европски прашања
-
Преглед на вести од светот