До ДИК се пријавиле 5.526 граѓани со спорни записи
До денеска напладне до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 5.526 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Најмногу пријавени во Чаир - 748.
Од нив, 2.473 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.053 за пријавување ја искористиле веб - апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Според соопштението од ДИК, најмногу пријавени има во општините Чаир-748, Тетово-382, Куманово-379 и Сарај-371.
Рокот за пријавување на граѓаните кои се наоѓаат на списокот со спорни записи завршува во петок на 19 август. Дотогаш граѓаните кои сакаат да го регулираат избирачкото право можат да се обратат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК или тоа да го направат преку апликацијата на веб страната на Комисијата.
Регулирањето на избирачкото право граѓаните ќе можат да го направат и за време на јавниот увид во Избирачкиот список пред изборите што најверојатно ќе се одржат оваа година.
Ново на Сител
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?
-
За состојбата на државниот буџет - Гостинка во вестите Гордана Димитриевска Кочоска, министерка за финансии