До 15 јули забранети летови меѓу Грција и Србија
Поради епидемијата во Грција и со цел да се заштитат патниците и граѓаните од пандемијата на Ковид-19, Агенцијата за цивилно воздухопловство издаде нови упатства (NOTAM) за вонредна забрана на летови меѓу Грција и Србија, како и забрана за влез на српски државјани заклучно со 15 јули во 23.59 часот.
Исклучок од забраната се членови на семејствата на државјани на ЕУ, граѓани од Шенген зоната, патувања од есенцијални причини, здравствен персонал, научен персонал, државјани на трети земји кои имаат дозвола за долг престој во европска земја,студенти, транзит летови, владин, дипломатски, воен, хуманитарен персонал и сл.
Во однос на образецот „Passenger Locator Form“ (PLF) задолжителен за сите посетители на Грција, од Агенцијата за цивилно воздухопловство соопштуваат дека од 9 јули патниците од меѓународните летови, ќе треба да го пополнат 24 часа пред чекирањето, а не 48 часа како што беше досега.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови