Македонија
20. јуни 2017 - 17:34

Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост зраци од Охрид проширен и целосно реновиран

Дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост Зраци од Охрид проширен и целосно реновиран. Со посредство на општината од страна на австралиската амбасада на два пати беа донирани средства во вкупна вредност од околу 6 илјади австралиски долари се со една идеја да се подобрат условите за престојот на 15 те деца и двете ангажирани лица дефектолог и социјален работник.

По згаснувањето на Порака родителите го формираа здружението Зраци каде на децата им е обезбедено катче за згрижување и дружење.

Со дел од парите  набавена е опрема, мебел ,канцелариско биро, компјутер ,електрични апарати за домаќинство а се издвоија срдстава и за организирање на различни активности за осамостојување и анимирање на овие деца.