ДКСК ќе ги разгледува приговорите од ВМРО-ДПМНЕ
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ги одржи дванаесеттата и тринаесеттата седница.
На дневен ред на 12-тата седница се пет приговори поднесени од Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев,како партија, учесник/организатор на изборна кампања.
Првиот приговор е против Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, другиот против Градоначалник на општина Гази Баба, Скопје, а третиот против Градоначалник на општина Шуто Оризари. Четврдиот приговор поднесен до ДКСК е против Градоначалник на општина Кисела Вода, а петтиот против Градоначалник на Град Скопје.
На дневен ред на 13-тата седница на Антикорупциската комисија е точката за постапување по предмети отворени во постапки по службена должност за можен судир на интереси.
Ново на Сител
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови