Македонија
29. August 2022 - 21:01

Дивите кучиња закана за жителите во руралните средини

Дивите кучиња се закана за жителите во руралните средини, и за дивиот свет во природата. Нивниот опстанок во шумите би значел помалку храна за балканскиот рис, но и поголема хибридизација со волците, што придонесува до голема еколошка катастрофа. За да се намали популацијата на диви кучиња потребна е изградба на прифатилишта во секоја општина и нивна стерилизација, велат од Македонското еколошко друштво. Од здружението бараат финансиска помош од државата за стерилизација.

Според Меловски, изработката на акциски план со конкретни мерки би го решил проблемот со дивите кучиња чии животи се исто така во опасност.

Од Здружението велат дека доколку институциите преземат дел од одговорностите за решавање на ваквиот проблем, популацијата  на диви кучиња значително би се намалила.