Живот
3. August 2017 - 9:04

„Дивергент“ станува телевизиска серија

По разочарувачката заработка во кината, серијалот филмови „Дивергент“ преминува на малите екрани, така што планираниот четврти филм „Ascendant“ ќе стане телевизиска серија, објави порталот „ИМДБ“.

Продукциската куќа „Лајонсгејт“ ја навести оваа можност уште минатото лето, најавувајќи спин-оф продолженија на франшизата.

Се уште нема податоци за актерската екипа на ТВ серијата, но се знае дека ѕвездата од првите три филма, Шајлин Вудли нема да биде дел од неа.