Дивееше на автопат без возачка дозвола: Осуден убиецот на 3 девојки во Сараево
Советот на Кантоналниот суд во Сараево, со кој претседаваше судијата Хусеин Делалиќ, денеска Алмир Ејубовиќ го осуди на 15 години и 10 месеци затвор поради тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 3 девојки.
Алмир Ејубовиќ на 29 јуни, управувајќи БМВ, предизвикал несреќа на автопатот А-1 во која загинаа Ајла Ибрица, Наѓа Нерадин и Лејла Оруч.
Обвинет е за тешко кривично дело против безбедноста во јавниот сообраќај со смртни последици. Тој се товари дека, управувајќи го своето нерегистрирано возило БМВ Х5 без возачка дозвола, со поставени несоодветни и неважечки регистарски таблички, движејќи се од правец на Влаково кон Вогошќанската обиколница возел со брзина од 166 км на час.
Тој тогаш изгубил контрола над возилото и налетал со левата бочна страна на возилото на сообраќаен знак кој означува раздвојување на коловозот, потоа во заштитната метална ограда во должина од околу 15 метри, а потоа налетал и на метален столб.
Во неговото возило загинаа Лејла Оруч, Наѓа Нерадин и Ајла Ибрица, додека тешко повредената Ајла Оруч на 13. јули се разбуди од кома.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа