Свет
29. јуни 2016 - 12:27

Дислокација на камп за мигранти во Париз

Стотици мигранти кои повторно поставија див бегалски камп пред салата Пажол во Париз, од изутринава започна да се дислоцираат по мирен пат.

Операцијата е во надлежност на регионалните префектурата, локалната полиција, градот Париз, здруженијата „Емаус“ и „Франција Земја на Азил“ и француската канцеларија за интеграција и имиграција (ОФИИ), јави дописникот на МИА од француксиот главен град.

Во кампот, кој мигрантите почнаа повторно да го поставуваат кон средината на јуни, според проценката на регионалната префектура, имало околу 500 лица,  Тоа се пред се мигранти од Судан, Еритреја и Авганистан, кои откако ги собраа на нивните лични работи во шаторите започнаа да се качуваат во автобусите кои ќе ги разместат во 70-те центри за сместување во парискиот регион.

Во близина, десетици други мигранти се собраа зад полицискиот кордон, надевајќи се да им се приклучат и да завршат во некое од засолништа.

- Постои вонредна мобилизација на државата и градот Париз, изјави Бруно Морел, извршен директор на „Емаус Франција“. - Но, во Париз не може да се концентрира се, инаку ќе дојде до експлозијата. Ние мора да имаме национален пристап, додаде тој.

Регионалниот префект Жан-Франсоа Карансо призна дека има „потешкотии да ги сфати барњата на мигрантите“.  - Многу од нив доживеале војна или диктатура, а сега не сакаат да одат во провинциските градови или во центрите во Ил де Франс, рече Карансо. 

Ова е 25-та операција на дислокација на мигранти од јуни 2015 година, во кои досега беа вкупно опфатени 11.300 лица.

На 8 јуни 2015 година спроведе насилна дислокација на мигрантите од тогашниот див камп пред салата Пажол, што беше критикувано од страна правобранителот Жак Тубон, кој „силно“ ја осуди спроведената операцијата, која според него била изведена „без почитување на законската рамка" и препорача „такви интервенции да не се повторат“.

Од 2015 камповите редовно се обновуваат во близина на Северната железниќка станица во Париз (Гар ди Нор). За три недели, се преместени речиси 1.900 лица од соседниот парк на Еол и околу 400 на плоштадот меѓу метро станиците Сталинград и Ла Шапел.