Македонија
12. April 2022 - 14:20

Дискотеката „Привилиџ“ работи без лиценца, издаден налог за инспекциски надзор

Дискотеката „Привилиџ“ пред која минатата недела до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот немала лиценца за работа.

Ова за „Слободен печат“ го потврди министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додал Бектеши.

Веќе е даден налог за инспекциски надзор врз дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, изјавила за „Нова ТВ“ директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

И Симеска Димоска потврдила дека оваа дискотека немала лиценца за работа како ноќен клуб.

Како се случило и покрај тоа што немал дозвола, овој клуб сепак да работи, ќе покаже инспекцискиот надзор.

Пред оваа дискотека во четвртокот изутрина до смрт беше претепан ракометарот Денис Тот.