Директорот на КПУ „Скопје“ ќе поднесе оставка
Директорот на КПУ „Скопје“ Ѓоко Котевски денеска изјави дека го прифаќа барањето на премиерот Зоран Заев и ќе поднесе оставка по вчерашните инциденти во затворот.
-Јас сум одговорен човек и пропфесионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас, рече Котевски во изјава за медиумите пред КПУ „Скопје“.
Премиерот Заев денеска побара оставка од Котевски по вчерашните два инцидента во дворот во затворот во кои учествуваа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Заев го осуди чинот и наведе дека без разлика кој е виновен за инцидентите директот треба да понесе одговорност.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање