Македонија
2. јуни 2016 - 17:36

Директорите на ФЗОМ во посета на стоматолошките ординации во Кавадарци

Матичните стоматолози добиваат повисока капитација.. веќе половина година, фондот за здравствено осигурување наместо 35 денари за секој пациент, сега исплаќа по 40 денари.. од фондот велат дека со ова поголема финансиска помош добиваат над 900 стоматолошки ординации..

директорите на фондот за здравствено осигурување денеска посетија неколку стоматолошки амбуланти во кавадарци.. освен повисоката капитација, лекарите велат дека и навремената исплата значително им ја олеснува работата..

инаку од идниот месец ќе се зголеми капитацијата и за матичните лекари.. според најавите дадени на крајот од минатата година, за секој пациент во примарното здравство, фондот предвидува месечно да исплаќа по 55 денари..