Македонија
30. July 2015 - 8:44

Директорите на ФЗОМ во Подрачната служба во Гевгелија

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со стручниот тим на ФЗОМ, денеска ќе ја посетат Подрачната служба во Гевгелија. 

Посетата се реализира во рамки на проектот „Директорите на ФЗОМ директно со осигурениците“.

За време на престојот во Гевгелија тие ќе ја посетат аптекарската станица во село Негорци  и  Негорските бањи.