Македонија
31. October 2018 - 19:29

Дирекцијата за заштита и спасување набави нова опрема

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека набавила нова опрема за потребите на тимот за спасување од урнатини, за спасување од сообраќајна незгода и еден виљушкар.

Станува збор за четири сета за подигнување товар за потребите на тимот за спасување од урнатини, пет комплети специјален противпожарен хидрауличен алат за спасување од сообраќајна незгода на патишта, како и еден виљушкар.

– Со новата опрема, се подигнува готовноста на тимовите за брз одговор во Дирекцијата за заштита и спасување и се очекува поефикасно справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението од ДЗС.