Дипломатски клуб: Скопскиот аеродром да се преименува во „Киро Глигоров“
Дипломатскиот клуб – Скопје дава поддршка Скопскиот меѓународен аеродром да го носи името на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.
- Нагласуваме дека од Скопскиот аеродром отпочнуваа и на него завршуваа бројните „походи“ на претседателот Глигоров во светот, неговите патувања посветени на мирот и пријателството, а за меѓународно етаблирање на македонската држава. Во негово присуство овде, прв пат, во практика се воведени протоколарните манифестации како што се веење на државното знаме, интонирање на химната, постројување на почесната гарда, со кои пред светот Република Македонија се претстави како самостојна и независна држава. Од овој аеродром полетаа и првите авиони со македонски државни ознаки, се наведува во соопштението на Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб.
Клубот додава дека именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе се материјализира оценката за неговата голема улога во процесот на создавањето на Македонија како современа држава - траен паметник во колективната меморија на нејзините граѓани.
Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб исто така поддржува и иницијативата на Филателистичкиот сојуз на Македонија за издавање на поштенска марка по повод 100-тата годишнина од раѓањето на претседателот Киро Глигоров.
Оваа година се одбележува јубилејот, сто години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров и Дипломатскиот клуб наведува дека во континуитет повеќе пати и на разни начини го изразил своето почитување на неговото дело, а во мај оваа година, во МАНУ беше организатор и на научната конференција „Улогата на Киро Глигоров во меѓународното етаблирање на Република Македонија“.
Во подготовка е публикацијата со излагањата на оваа Конференција и со осврти на домашни и странски истакнати личности за делото на Киро Глигоров.
Ново на Сител
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп