Димовски: Забрзано се гради новата Клиничка болница во Штип
Носителот на листата во третата изборна единица од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска истакна дека забрзано се гради новата Клиничка болница во Штип и оти квалитетни здравствени услуги ќе имаат граѓаните од тој град и од источна Македониија.
- Само изградбата на болницата чини 37 милиони евра и се предвидени дополнителни средства за опрема и апарати. Се работи за 407 медицински апарати, во вредност од околу четири милиони евра. Дополнително за оваа Клиничка болница и по други проекти ќе се набавуваат уште огромен број апарати и опрема, рече Димовски.
Тој потенцира дека овој период во Штип се вработени 80 нови доктори, а огромен дел од досегашниот и од новиот кадар се упатени на едукации, доедукации во странство, како и на специјализации на Универзитетот во Скопје. Досега, како што рече, вкупниот број на нововработени доктори во источна Македонија е околу 200.
- Празнината која се создаде заради проблемите со раководењето на здравството во време на СДСМ полека се покрива и ќе успееме да имаме специјалисти во сите поголеми здравствени установи во источна Македонија, за сите потреби кои што ги имаат граѓаните, рече Димовски.
Тој истакна дека во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на здравството предвидено е да продолжи драстичното намалување на цената на лековите. Потсети дека досега во десет наврати имаше намалување на цената, од 10 до 90 отсто на различни лекови. Со тоа, како што рече, граѓаните заштедија околу 33 милиони евра.
- Во Програмата е предвидено и носење на специјален закон за лекарска служба, со кој на сите лекари и на целиот медицински персонал ќе им се овозможи да се исполнат нивните барања околу нивната работа, нивниот статус и безбедноста при работа за целосно да го вложат своето знаење и својот капацитет, додаде Димовски.
Ново на Сител
-
ФСБ: Американец осуден на 15 години затвор поради собирање генетски податоци на руски државјани
-
Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето
-
Забрана за пловидба од неколку грчки пристаништа поради силниот ветер
-
Дончиќ поради повреда ќе отсуствува најмалку еден месец
-
Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства
-
Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година