Македонија
14. March 2018 - 15:19

Димовски: Собранието е свесно дека носи неуставен закон, пратениците знаат дека кршат Деловник

Јас жалам што господинот Џафери го избра токму 14 март денот кога УЧК почна да пука на Тетово, како ден на кој што треба да се изгласа законот. Затоа имам еден процедурален предлог, Собранието е свесно дека носи неуставен закон, пратениците сите до еден се свесни дека кршат Деловник. Врз база на одлуката за формирање на работни групи, врз база на надлежностите на комисијата за мандатни и деловнички прашања отворам збор по примена на Деловникот и барам Комисијата за мандатни, имунитетни и деловнички прашања да се произнесе во врска со можноста или не можноста да се поднесуваат амндмани и да се расправаат. И ова барање врз база на одлуката за формирање на работни тела мора да ја прифатите.

Ова го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

-Без разлика сите знаеме за што сме се собрале денеска. Затоа ви велам врз база на одлука која што ја има донесено ова Собрание, каде што даваме надлежност при прозивка за збор за спроведување на Деловник да ја стопирате седницата и да свикате Kомисија за мандатни и деловнички прашања каде што ќе се разгледуваат сите аспекти и ова ваше писмо со кое што не  повикувате да поднесуваме амандмани и укажувањата од претседателот. Инаку вашето тврдење дека Собранието не е надлежно да разгледува дали е законот  е уставен или неуставен е целосно неточно исто како на работници во фабрика да им кажете дека не е нивна надлежност да гледаат дали произведуваат исправни или не исправни делови.  Собранието мора да се труди до максимум кога има бар еден пратеник кој што укажува на неуставност на закон,  да се труди до максимум, законот да биде уставен и тоа од формална природа од политичка природа. Господине Џафери ако сакате да играте улога на нотар  треба да ја играте таа улога на нотар, но вие сами сте се нафатиле да седите на тоа столче. Тоа столче значи дека тој кој седи на тоа столче треба да се грижи Собранието да работи според деловник, според Устав, да зачува ред на работите во Собранието и да зачува комуникација. Доколку вам ви се битни само партиските интереси на ДУИ и гласовите кои што ги добивате или не ги добивате на избори. Вие треба да си продолжите постапката, да го прекршите деловникот, да го прекршите Уставот и да го уништите Собранието на Република Македонија кое што после таков  обид ќе изгуби комплетна смисла. Едно од основните права на граѓаните на Република Македонија, отстапено на пратениците е пратениците да имаат право да предлагаат. Вие господине Џафери тоа најдобро го знаете кога за законот за бранители поднесовте 15.500 амандмани од тој парламентарен состав има пратеници кои што седат на оваа страна има пратеници кои што седат другата страна, рече Димовски.