Македонија
27. November 2016 - 21:38

Димовски: На 11 декември референдум за унитарна и суверена Република Македонија

 
Во Изборната единица 3 победата ќе биде голема. Ќе ја браниме и ќе ја градиме Македонија. Во источна Македонија се гради, се прави, се создава само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, така и ќе продолжиме во наредните 4 години.
 
Ова го истакна Илија Димовски, носителот на кандидатската листа во ИЕ 3, на вечерашниот голем митинг во Скопје.
 
-Нема да остане град и село во источна Македонија каде нема да се постави асфалт, рече Димовски и наброја повеќе проекти кои се предвидени во програмата „Реално“.
 
Потенцираше дека инвестициите и отворањето на нови работни места остануваат приоритет за нив.
 
-Не сакаме двојазичност и федерализација, туку сакаме нови фабрики и нови работни места. На 11 декември референдум за унитарна и суверена Република Македонија, рече Димовски.