-->
-->
Димовски до Села: Ако мислеше на соживот и еднакви права требаше да побараш во платформата Албанија да ја признае Македонија под уставното име
-->

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална расправа со пратеникот Зијадин Села од собраниската говорница му порача дека доколку сакале албанските партии да покажат дека се грижат и сакаат добар соживот во Република Македонија ја имале таа шанса кога ја составувале Тиранската платформа со премиерот на Албанија Еди Рама.
Имено, Димовски го запраша Села, зошто доколку сакал да покаже дека се грижи и за Македонците на таа средба не побарал од официјалните власти во платформата да стои и дека Албанија ќе ја признае Република Македонија под уставното име и ќе бара гаранции од Албанија дека македонското малцинство во Албанија ќе може да ги ужива истите права кои што ги уживаат албанците во Република Македонија.
Димовски нагласи дека во тој случај на оваа платформа ќе се гледаше како на подадена рака од албанците и сите заедно ќе градевме едно мултиетничко општество во кое сите ќе беа задоволни, овака како што е во моментот преставена Тиранската платформа се наметнува малцинската воља над вољата на мнозинството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера