Димковски: Трипуновски да не биде дежурен полицаец, се изготвува кривичната пријава за неовластено снимање
Се подготвува кривичната пријава за неовластено снимање против техничкиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и наскоро ќе биде поднесена затоа што тој не ги почитува своите надлежности, истакна ресорниот министер Трајан Димковски при денешната работна посета на Кочани.
– Токму вчера и синдикатите излегоа со критики, реагираа и од Хелсиншки. Многу луѓе кои се активни на социјалните мрежи и во јавниот живот, исто така, дадоа свои коментраи и критики. Можам да го повикам дополнителниот заменик-министер да ја сфати својата улога, да не прави пречекорувања и да не изигрува дежурен поилицац кој ќе внесува страв во администрацијата. Неговата задача ја знаеме. Техничката Влада се формира пред изборите и неговата улога е во следењето и регулацијата на евентуални неправилности за што би можел да реагира. Нека се фокусира на она што му е задача, нека си ја извршува работата за која е платен, а не да извршува партиски задачи што ќе му ги дадат, истакна министерот Димковски.
Според него, кривичната пријава против Трипуновски ќе ја поднесе раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Берово. Пријавата е заради прекршување на членот 152 од Кривичниот законик, односно техничкиот министер неовластено ги снимал вработените во просториите на подрачната единица, а потоа видео снимките биле јавно емитувани.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје