Македонија
14. February 2023 - 11:31

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, кој е од редовите на Демократскиот сојуз, денеска поднесе оставка од функцијата, потврди за МИА претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов.

Повлекувањето од функцијата следува откако Демократскиот сојуз вчера ја напушти владината коалиција. 

Премиерот Димитар Ковачевски  претходно изјави дека очекува функционерите на ДС да  поднесат оставки, оценувајќи дека одлуката на Демократскиот сојуз не претставува никакво нарушување на стабилноста на владиното мнозинство.