Димитров во Осло: Потпишана Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Македонија и Норвешка
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска престојуваше во работна посета на Осло, каде се сретна со својот норвешки колега Борге Бренде. Притоа беше потпишана Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Кралството Норвешка, соопшти Министерството за надворешни работи.
- Заокружувајќи ја својата нордиска турнеја, денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во возвратна посета на Осло и средба со својот норвешки домаќин, министерот за надворешни работи, Борге Бренде. Посетата доаѓа по само неполни два месеца од јунската посета на норвешкиот министер Бренде на Скопје. На топлата и продуктивна средба беше означено отворањето на ново поглавје во односите со норвешката демократија, што беше одбележано со потпишување на Заедничка изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Краслството Норвешка, се вели во соопштението.
По тој повод министерот Димитров го поздравил фактот што токму Норвешка, како докажана нордиска демократија, препознала „нова надеж и нов почеток во Македонија“. Димитров изразил и особено задоволство што нордиските земји ни стануваат толку блиски пријатели и што оваа регионална посета завршува со потпишување на изјава за конкретна поддршка на реформските напори на Македонија.
Министерството за надврешни работи на Кралството Норвешка денеска објавило јавен повик за реформска помош насочена кон зајакнување на ЕУ интеграцијата на Македонија.
Престојот во Осло, Димитров го искористил и за средба со поранешниот норвешки министер за надворешни работи Кнут Волебек, а дал и интервју за НРК радио.
Посетата на Осло, истакнуваат од МНР, означува крај на регионалната посета на нордиските земји во рамки на која покрај Норвешка, беа посетени Данска, Шведска и Финска.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“