Димитров во Брисел на средби со претставници на ЕК и на ЕП
Евроинтегративните перспективи на Република Македонија во периодот што претстои ќе бидат во фокусот на средбите, кои шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ќе ги има денеска со претставници на Европската унија за време на неговата работна посета на Брисел.
Предвидени се средби и со претставници од кабинетот на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, како и со европратеници.
Димитров, како што соопшти МНР, ќе ја искористи можноста да ги запознае соговорниците за постигнувањата на Македонија во имплементацијата на реформската агенда, како и за унапредувањето на добрососедските односи, во пресрет на објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ во февруари, како и објавувањето на извештајот на Комисијата за напредокот на земјава, во април.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис