Димитров: Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа
Никола Димитров, поранешниот вицепремиер и поранешен министер за надворешни работи, во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител, во врска со претстојната заедничка седница меѓу македонската и бугарската влада во Софија смета дека се брза во спорот, дека ова е став на новата Влада, дека нема ништо поврзано со претходната.
-Мислам дека се брза во спорот, ова е целосен став на новата влада, не е поврзано со претходната, рече Димитров.
Според Димитров, претходниот став бил дека „ова е пакет“.
-Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме, вели Димитров во гостувањето на Тема на денот во Дневникот на Сител.
Поранешниот министер додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.
-Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка, истакнува Димитров.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот