Димитров: Се надевам на прогрес од разговорите со Коѕијас во Охрид
Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров очекува на утрешната средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Охрид да биде постигнат прогрес во решавањето на прашањето за името.
- Прашањето е толку важно што по дефиниција сите рунди разговори се тешки, така што се разбира очекувам темелни разговори. Се надевам на прогрес. Мислам дека однесувањето и на Република Македонија и на нашите соседи од Грција во однос на процесот сигнализира дека процесот е во една деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори и се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува токму во Охрид и духот на тој наш бисер се надевам дека ќе ни помогне, истакна Димитров по средбата со украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од средбата со Коѕијас во Охрид.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите