Димитров: Регионот има шанса за видлив прогрес во евроинтеграцијата
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на Блед на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ја нагласи важноста од политиката на пријателство, добрососедство и соработка во контекст на европската интеграција.
- Во следната година и половина, регионот има шанса да направи видлив прогрес во европските интеграции. За да ја искористиме, треба да работиме на реформите дома и да инвестираме во добрососедски односи меѓу нас. Ни претстои период на можности и перспективи. Ние мора да демонстрираме посветеност на реформската агенда и на неопходноста од регионална интеракција и соработка. Но, истовремено ние мораме да демонстрираме сопственост врз процесите и подготвеност самите да надминуваме отворени прашања и предизвици. Во актуелниот регионален контекст, „големата слика" е од извонредно значење, нагласи шефот на македонската дипломатија.
Во фокусот на денешниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИУ) беа политиката на проширување на ЕУ, регионалната соработка и потребата од инфраструктурно поврзување.
Министерот Димитров учествуваше и на првиот министерски состанок на кој се инаугурираше Фондот за Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка