Димитров-Петричек: Првата меѓувладина конференеција меѓу Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побрзо
-Чешка практично го штити интегритетот на пристапниот процес во ЕУ. Без оглед на одлуките на Советот, Македонија продолжува по патот на приближување кон ЕУ и во претстојниот период од големо значење би била зајакната билатерална соработка во однос на експертиза и техничка помош главно во областа на економско управување, социјална политика, земјоделие и искористување на европските фондови, вклучително и преку инструментите ТАИЕХ и Твининг за јакнење на институционалните капацитети, истакнал Димитров.
Министерот Петричек ја потврдил посветеноста на Чешка на евроинтегративниот процес, потврдувајќи го нивниот став дека првата меѓувладина конференеција меѓу Македонија и ЕУ треба да се случи што е можно побрзо.
На средбата се разговарало и за билатералната соработка и можностите за нејзино унапредување.
-Донациите и поддршката од Чешка се од големо значење за Македонија, особено во овој период кога се справуваме со последиците од пандемијата, а покрај тоа добредојдена е и партнерската поддршка во нашите заложби да ја донесеме ЕУ дома, истакнал Димитров. Чешкиот министер пак порачал дека неговата земја е подготвена да понуди своето искуство и експертиза за прашања од доменот на регионалната соработка и добрососедски односи.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак