Димитров – Масикас: Поддршка од Естонија за европската интеграција
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари средба со естонскиот заменик – министер за европски прашања Мати Масикас, кој упатил честитки за постигнатиот успех со Преспанскиот договор и потпишувањето на Пристапниот протокол во НАТО, подвлекувајќи дека претставува инспиративен пример за регионот и пошироко.
На средбата посветена на консултациите за Европската унија меѓу двете земји во Министерството за надворешни работи, се разговарало за евроатлантската агенда на Република Северна Македонија и предизвиците на процесот на проширување на ЕУ во следните неколку месеци.
– Масикас го поздрави и направеното во клучните реформски области како дополнително охрабрување дека земјата се движи во вистинскиот правец и, во таа смисла, ја реафирмираше цврстата поддршка на Естонија за процесот на наша европска интеграција, соопшти Министерството за надворешни работи.
Министерот Димитров се заблагодарил за постојаната поддршка на Естонија за европската перспектива на државава и во осврт за текот на домашните реформи ја нагласил силната политичка заложба за натамошно интензивирање на реформскиот процес и испорака на нови крупни и видливи резултати во главните области.
– Очекуваме нашите напори да бидат валоризирани во јуни преку одлука која и формално ќе ги отвори вратите на пристапниот процес како клучна алатка за европска трансформација на земјата и платформа за рамноправен реформски натпревар со останатите, околу она што ги засега нашите општества и граѓани денес, рекол Димитров.
Ново на Сител
-
Најмлад до 1.000 тројки во НБА: Едвардс го собори рекордот на Букер
-
Хорнер останува во Ред Бул до 2030 година
-
Енрике го продолжи договорот со Пари Сен Жермен
-
Мемфис Депај осуден на 4 месеци затвор
-
Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
-
Натписот на УСАИД симнат од влезот на седиштето на агенцијата во Вашингтон
-
Трамп: Можна е средба со Зеленски следната недела, сакам да разговарам и со Путин
-
Построги казни, електронско санкционирање и ефективни контроли за градење сообраќајна култура и елиминирање на неказнивоста