Македонија
29. November 2017 - 16:24

Димитров: Македонија на добар пат, САД останува главен поддржувач на членството на Македонија во НАТО

Министерот Димитров на  средбите во американскиот стејт департмент  доби уверување дека САД ги поддржуваат  реформите на владата  кои се насочени кон побрза интеграција на земјата во НАТО и ЕУ. Ова беше истакнато  на средбата со  помошник државниот  секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот Вес Мичел.  

Шефот на македонската  се состана и со Хојт Брајан Ји. На овој состанок Димитров  информираше за а реформите во во правосудството, администрацијата, безбедносните и разузнавачките служби , како и за подобрените состојби во сферата на медиумите. Заменикот-помошник државен секретар  оцени дека Македонија  повтороно се двиши во вистински правец . Брајан Ји ја охрабри Владата да остане фокусирана на реформската агенда и да го искористи позитивниот момент и поддршката од евроатлантските пријатели.

„Имаме шанса да станеме 30-та членка на НАТО и решителни сме во намерата да не ја пропуштиме“, рече Димитров на средбата со специјалниот советник за Европа и Русија во канцеларијата на потпретседателот на САД, Моли Монтгомери со која исто така имаше можност да разговара за актуелните политички случувања во земјата.

Монтгомери рече дека Балканот е високо на листата на приоритети на Белата Куќа, а Република Македонија е една од клучните земји за придвижување напред на целиот регион.

Димитров ја оцени како исклучително важна лидерската улога и ангажманот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс во промовирање на евро-атлантската иднина на регионот, јасно изразена на неодамнешната средба во Црна Гора со лидерите во регионот.

Димитров во Брукингс Институтот имаше средба со поранешниот заменик државен секретар Строуб Талбот, како и со претставници на македонската дијаспора во САД – Обединета македонска дијаспора и Форум за демократска Македонија.