Димитров: Ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од спорот со Софија
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека јасна е порака на заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар дека приоритет на САД за Балканот е интеграција на Албанија и Северна Македонија во ЕУ.
Димитров во интервју за „Утрински брифинг“ посочува дека Американците се важен фактор и во регионот, но и се главен партнер на Европа во контекст на НАТО и се разбира дека Вашингтон има влијание.
-Регионот е прилично разнишан. Ескобар вели дека кај нас се прекршува инструментот на проширувањето – дали е тој реален или не е реален, кажа Димитров.
Тој воедно додава оти Ескобар при разговорите истакнал дека Северна Македонија е кредибилен партнер и дека САД можат да помогнат.
-Мислам дека мораме да учиме од искуството, оти ние немаме кабает за тоа што не сме почнале преговори. Мораме да ја штитиме нацијата и да не шириме лажна надеж. Ескобар вели дека сега влогот станува преголем. Ако нема преговори за интеграција, пораката е џабе решавате проблеми и тоа е многу сериозно за регионот, појаснува Димитров.
Тој посочува дека се чека формирањето на новата бугарска влада за да можат да продолжат разговорите. Во однос на тоа дека Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе го добие популистот Слави Трифонов кој има ригидни ставови кон земјава, вицепремиерот смета дека не треба да се зборува пред време.
-Неблагодарно е да се зборува пред рака, треба да се разговара со новиот министер. Она што е добра вест доаѓа од Скопје, ние имаме усогласеност со опозицијата дека преговорите со ЕУ треба да започнат, вели Димитров.
Тој потенцира дека и по заминувањето од премиерската функција на Заев кој остави силен печат врз целата иницијатива за решавање на спорот со Бугарија, курсот на земјата ќе остане ист.
-Курсот ќе остане. Секој политичар си носи свои политики, со Заев ја искачивме големата планина со Преспанскиот договор. Како земја сме пред раскрсница, ќе направиме сѐ што можеме да дојдеме до достоинствен излез од оваа мака што има потенцијал да ја смени атмосферата во целиот регион, но за жал, не исклучувам и негативно решение, вели Димитров.
За изјавите кои доаѓаат од албанска страна за можноста за одвојување на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ, Димитров смета дека тоа не е можно во моментов, оти, вели, ние ја чекавме Албанија кога таа беше заглавена во холандскиот Парламент, а странските партнери не се расположени да поддржат раздвојување.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз