Македонија
20. October 2020 - 20:23

Димитров до ЕУ - амбасадорите: Да се почитува правото на самоопределување и да се почнат преговори

Вредностите и принципите на Унијата зависат од тоа како ЕУ ќе се постави кон правото на самоопределување на македонскиот народ. Ова го порача министерот за надворешни работи, Никола Димитров на видоеконференциската средба со ЕУ амбасадирите во земјава. На средбата иницирана од шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, Димитров рекол: 

„Усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, ќе ги заокружи историските успеси на земјата по зеленото светло за отворање на пристапните преговори и  членството во НАТО, порача вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на видео -конференциска средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија.

Хрватска пак, цврсто ја поддржува земјава и очекува до крајот на годината да се одржи Меѓувладината конференција заради отворање на преговорите, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Османи денеска во Загреб се сретна и со неговиот колега Радман. На средбата Османи истакнал дека со оглед на постигнатиот реформски напредок,земјава заслужено очекува ЕУ да ја одобри преговарачката рамка за пристапните преговори

– Ги засиливме политичките комуникации со соседна Бугарија на повеќе нивоа, а својата работа ја интензивираше и заедничката мешовита комисија за историски прашања. Верувам дека во периодот што следи соодветно ќе ги адресираме сите предизвици, и нема да дозволиме да пропадне големата заедничка политичка инвестиција за европските перспективи на целиот регион, потенцирал Османи.

Двајцата министри разговарале и подобрување на економската соработка како и за мерките за координација во справувањето со корона кризата.