-->
-->
Димитријевиќ блесна против Андора
-->
Трета победа за Хувентуд во Лига Ендеса, совладана Андора на гости со 87-89 во рамките на 4. коло. Прекрасна вечер имаше Македонецот Ненад Димитријевиќ кој средбата ја заврши со 12 поени по одиграни 28 минути.
Кога се решаваше мечот Димитријевиќ постигна четири поени и имаше важна асистенција. Домаќинот на овој меч беше подобар во првото полувреме, на одморот замина со предност од 45-42. Хувентуд кон средината на третиот период успеа да направи целосен пресврт и во последните десет минути да влезе со плус пет (59-64). Противникот се доближи на 70-71, но Нено го пронајде својот соиграч, кој пак со тројка го отвори патот кон нови важни бодови. МораБанк Андора се закани и во последната минута, но гостите се одбранија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода