-->
-->
Димитриевски во Брисел доби награда за најдобар градоначалник на Ромите
-->
Делегација од Општина Куманово предводена од градоначалникот на Општината Максим Димитриевски е во посета на Европскиот парламент во Брисел на настанот “The Most Roma Friendly Mayor”, на покана на активистите од невладиниот сектор, кој работи на прашања поврзани со припадниците на ромската етничка заедница на Балканот.
Во рамките на викендот на Ромите во Европскиот парламент се одржува конференција, на која учество ќе земат повеќе претставници од општините од Западен Балкан, невладини организации и пратеници од Европскиот парламент.
-Голема е честа за мене како Градоначалник и за моите сограѓани во Куманово, што сум избран за Градоначалник – најдобар пријател на Ромите, овде во срцето на обединета Европа. Овде сум претставник на Северна Македонија, но тоа е МАКЕДОНИЈА. Јас сум Македонец и живеам во град каде што има најмалку 10 етникуми кои живеат заедно во мир со години, со векови, и ние сме многу горди на тоа, објави Димитриевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Започна одбележувањето на 11 Октомври
-
Малолетници се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише во Скопје
-
Тема на денот со Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република
-
Стравичен случај во Ѓорче
-
Љубов кон татковината
-
Двојни аршини за Балансерот
-
По заминувањето на Тачи, Села тврди дека фронтот на ДУИ е стабилен
-
Ќе ги спречи ли државата големите маркети да го изиграат Законот за нефер трговски практики