Димитриевски: Куманово подготвено за расчистување на снегот
Претставници од општина Куманово одржаа состанок со двете приватни фирми кои се задолжени за зимско одржување на улиците. И двете компании се подготвени да се справат со евентуални врнежи од снег, информира градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.
- Тука се и јавните претпријатија кои ќе помогнат со своја механизација бидејќи не можеме да предвидиме какви ќе бидат временските услови и што се може да се очекува, која количина на снег ќе наврне. Ние ќе ја дочекаме сезоната со навремена распишана тендерска постапка, завршена минатата година, а истите фирми имаат договор до завршување на сезоната, изјави Димитриевски.
За зимско одржување на Куманово склучен е договор со две компании за две сезони, едната од Куманово, а втората од Скопје. Првата сезона завршува на 15 март 2017, а втората сезона е од 15 октомври 2017 до 15 март 2018 година.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид