Македонија
26. November 2017 - 14:45

Димитриевски: Куманово подготвено за расчистување на снегот

Претставници од општина Куманово одржаа состанок со двете приватни фирми кои се задолжени за зимско одржување на улиците. И двете компании се подготвени да се справат со евентуални врнежи од снег, информира градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

- Тука се и јавните претпријатија кои ќе помогнат со своја механизација бидејќи не можеме да предвидиме какви ќе бидат временските услови и што се може да се очекува, која количина на снег ќе наврне. Ние ќе ја дочекаме сезоната со навремена распишана тендерска постапка, завршена минатата година, а истите фирми имаат договор до завршување на сезоната, изјави Димитриевски.

За зимско одржување на Куманово склучен е договор со две компании за две сезони, едната од Куманово, а втората од Скопје. Првата сезона завршува на 15 март 2017, а втората сезона е од 15 октомври 2017 до 15 март 2018 година.