Димитриевски: Бугарите ќе бидат вметнати во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка
„Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка. Ќе си најдете начин барем една декларација во Парламентот ќе донесете кадешто ќе го признаете Македонското малцинство,“ кажа градоначалникот на општина Куманово во гостувањето во емисијата „Говори сега“ на бугарската национална телевизија БНТ1 во Софија.
Димитриевски додаде и дека Бугарите мора да признаат дека Македонецот постои и не може да велат дека после 46-та година Македонците настанале.
Градоначалникот на Куманово посочи дека во периодот 1941-1944-та година Бугарија е составен дел на фашистичката коалиција и за тоа постојат документи, а официјална Бугарија никогаш не излегла со став и не се извинила.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата