Димитриев: Одложувањето на изборите ја пролонгира кризата
Сите обврски за спроведување на предвремените парламентарни избори и на 24 април и на 5 јуни се реализирани, но поради исходот од политичките разговори на двапати имавме одлагање на изборите и пролонгирање на политичката криза која има негативни ефекти во функционирањето на државата.
Ова го истакна премиерот Емил Димитриев прашан за коментар за одложувањето на изборите.
- Новата реалност во ситуација е да се посветиме силно на реализација на програмата на Владата, на реформите и на крупните проекти од различни области - инфраструктура, земјоделство, здравство... и паралелно со тоа да течат политичките разговори меѓу политичките партии за да се утврди нов термин за одржување на избори, рече Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови