Македонија
2. February 2016 - 12:42

Димитриев на средби со претставници на новинарските и медиумските здруженија

Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска ќе има средби со претставници на новинарските и медиумски здруженија.

Димитриев ќе се сретне со претставници на Македонската асоцијација на новинари, Македонската медиумска асоцијација и на Здружението на новинари на Македонија.

Средбите ќе се одржат во Владата на Република Македонија од 13:30 часот, а последната средба се очекува да почне во 16 часот.