Димитриев: Членството во ЕУ останува на врвот на нашата агенда
Евроинтегрцијата останува на врвот на нашата агенда. Очекувам од самитот во Париз да произлезат конкретни договори кои ќе бидат во прилог на поддршка на евроинтеграцискиот процес за регионот што е во интерес и на Унијата, изјави премиерот Емил Димитриев кој ја предводи владината делегација на третиот самит за Западен Балкан чиј домаќин е францускиот претседаел Франсоа Оланд, јaви известувачот на МИА.
- Ова претставува едно продолжение на Берлинскиот процес Европска унија – Западен Балкан, што во суштина го менаџираат најмоќните земји во ЕУ ја потврдува сериозноста на настанот. Намерата на ЕУ и она што е наш интерес на Западниот Балкан, а тоа е наше членство во ЕУ остануваат на врвот на нашите агенди. Сите теми што ќе ги разговараме се од обостран интерес и јас сум оптимист дека по овој Самит ќе договориме конкретни работи што значат за земјите од Западен Балкан, но и за ЕУ во целост, бидејќи на овој процес на интеграиција на ЗБ во ЕУ мора да се гледа преку две насоки. Прво, дека е во интерес на самата ЕУ, но и интерес на земјите од Западен Балкан, рече Димитриев пред отпочнувањето на самитот.
Тој најави дека на Самитот на кој ќе стане збор за бегалската криза ќе го афирмираат македонскиот придонес во нејзиното менаџирање, што вели не прави кредибилни партнери на Унијата.
- Во делот на миграцијата ние ќе го афирмираме сето она што е направено досега на планот на справување со бегалската криза, бидејќи во овој дел Република Македонија апсолутно се однесуваше како кредибилена партнер на ЕУ. Направивме многу да ги спречиме последиците од оваа мигрантска криза и целата криза ја менаџиравме соодветно, добар дел, т.е. најголем на наш трошок , без некоја поголема финасиска помош од еворпските партнери. Останува да дискутриаме за овие актуелни случување во делот на криумчарење на мигранти, илегални преминувања што се актуелни во делот на намерата на ЕУ да формира своја крајбрежна стража и свое интегрирано гранично урпавување што за нас како земја од ЗБ е апсолутно прифатливо и ќе го поздравивме, бидејќи сметаме дека на еден систематски начин ќе се пристапи кон меанџирање на ова прашање, рече Димитриев.
Во однос на темата за бзбедноста тој оцени дека е многу важна, особено по настаните во Париз, Брисел и последиот во Истанбул.
- Ова прашање и тоа како е актуелно и ќе мора еден координиран и сеопсфатен пристап во менаџирањето. Радикалните и терористичките структури, транзитираат низ нашите змеји и доаѓаат во Европа. Меѓу една квалитетна соработка на ебезбедносните служби и преку размена на информации и превземање на заеднички акции, сметам дека ова би било најсоодветен начин за борба против ова зло што според мене ќе биде присутно и во годините што доаѓаат, вели премиерот Димитриев.
За третата тема – европските перспективи, шефот на македонската Влада посочува дека е исто така актуелна и вели добро е што ЕУ во името на најмоќните земји, практично ќе прокламира политика на отворени врати наЕУ.
-Нашите аспирации ќе ги реафирмираме, но во котнекст на РМ, важно е да се каже дека долгоочекуваното отпочнување на процес на преговори за членство во ЕУ ќе има далекусежни позитивни резултати во РМ. Се она што имаме намера да го правиме на планот на реформи е во котнекст на преговорите за членство во ЕУ многу полесно можеме да го реализираме и на поквалитетен начин. Исто така, дискусиите што ги има во разни тела за актуеланта политичка ситуаиција во Република Македонија, кога би биле ставени во контекст на наше зачленување во ЕУ се надевам дека би биле побрзо завршени тие прпоцеси и на поквалитетна основа. Сите теми се значајни и за нас и за ЕУ и очекуван плодоносни разговори на тој план, истакна премиерот Димитриев.
Парискиот самит е продолжение на Берлинскиот процес кој започна во 2014 годна на иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел со цел дадае поддршка за целосна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Од Парискиот самит се очекува да овозможи конкретен напредок во однос на мерките за младите и да бидат разгледани иницијативи за инфратсруктурни проекти од регионално значење.
Ново на Сител
-
Арсеналот оружје во Арачиново припаѓал на 29 годишник од Никуштак
-
Ахмети: Немам контакт со Груби и немам детални информации каде се наоѓа
-
Уапсени 12 жени во угостителски објект во Гостивар: Го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Канаваро назначен за нов тренер на Динамо Загреб
-
Путин испрати новогодишни честитки до Орбан и Фицо, изоставувајќи ги останатите западни лидери
-
Леброн Џејмс денеска полни 40 години
-
Потврдена пресуда против Трамп за сексуално злоставување
-
Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив