Димитриев: Авансно по 30.000 денари за секое поплавено семејство
На секое семејство што беше поплавено во невремето на 6 август ќе му бидат авансно исплатени по околу 30 илјади денари, најави денеска премиерот Емил Димитриев.
Тој очекува исплатата на средствата да започне уште во текот на денешниот ден.
- Досега од посетените околу три ипол до четири илјади семејства, обработени се податоците за околу 1.950 семејства така што исплатата на авансот за овие семејства очекувам да започне уште во текот на денешниот ден. Сукцесивно како ќе бидат проценувани и обработувани податоците, очекувам до вторник да бидат исплатени авансно сите семејства со по 30 илјади денари, рече премиерот Димитриев.
По денешната посета на ТИРЗ Скопје 1, премиерот Димитриев истакна дека Владата ќе му предложи на Собранието на Република Македонија ребаланс на Буџетот со кој ќе се обезбедат две милијарди денари кои што се потребни за обештетување на поплавените семејства.
- Се работи за ангажирање на средства коишто сега ни се на располагање, а кои понатаму ќе ги надоместиме со средства од меѓународни институции под многу поволни услови, рече премиерот Димитриев.
Ребалансот на Буџетот, како што најави премиерот Димитриев, најбрзо што може ќе биде доставен на разгледување во Собранието на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами