Спорт плус
21. October 2021 - 16:33

Димитар Ѓоргиев ќе се бори за злато на Светското кик бокс првенство

Димитар Ѓоргиев се палсира во финалето на Светското првенство во кик бокс во Џесоло Лидо во Италија. Ѓоргиев гопобеди бугарскиот репрезентативец Никола Николов со 3-0 во полуфиналето.

Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Никола Дробњак од Босна и Херцеговина кој во полуфиналната борба славеше против Елјан Алкишиев од Азербејџан.

Популарниот Диме може да се запише во историјата на кик боксот и по четврти пат да стане светски првак.

За жал, Бобан Илиоски не се пласира во полуфиналето. Илиоски загуби -03 од Александар Менковиќ од Србија.

На Светското првенство учетсвуваат 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.