Македонија
2. February 2016 - 15:08

ДИК потврди: СДСМ се согласи, Избирачкиот список оди на чистење

Државната изборна комисија сериозно започна да се подготвува за изборите на 24 април. Во медиумите е објавен повик за ИТ компани и експерти кои треба да ја вршат вкрстената проверка на базите на податоци на државните институции
 
СДСМ ја прифати методологијата за проверка на Избирачкиот список предложена од страна на Државната изборна комисија. Субхи Јакупи, член на комисијата за Телеграф.мк потврди дека конечно имаа дозвола од сите партии да започнат со проверка на списокот на гласачи
 
Државната изборна комисија сериозно започна да се подготвува за изборите на 24 април. Во медиумите е објавен повик за ИТ компании и експерти кои треба да ја вршат вкрстената проверка на базите на податоци на државните институции. Тие треба да направат проверка на избирачкиот список според договорот што го направија партиите за фер и демократски избори.
 
На листата институции од кои ДИК ќе ги преземе податоците се Фондот за здравство, Агенцијата за вработување, Централниот регистар, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за водење матични книги, УЈП, Министерството за земјоделство, за оние кои примаат земјоделски субвенции), Министерството за труд и социјална политика за приматели на социјална помош како и Народна банка.01,
 
Според огласот, аналитичарите кои ќе работат на проверка треба да ги проверуваат базите на податоци со оние од другите институции, но притоа ќе мора да обезбедат и заштита и можна злоупотреба на податоците и почитување на правото на приватност.Членовите на Комисијата уверуваат дека време за проверка на податоците има и дека ќе успеат да ги запазат сите рокови
 
Откако ќе се проверат компјутерските податоци, за што според проценките ќе бидат потребни околу дваесетина дена, ќе започне и теренската проверка онаму каде што нема поклопување.
 
Работата досега ја кочеше единствено СДСМ кој требаше да даде дозвола за Комисијата да започне со работа. Иако минатата недела опозициската партија вети дека ќе ги повлече сите забелешки за проверка на списокот на гласачи, само по неколку дена го смени ставот. Лидерот на партијата Зоран Заев се изјасни дека време за прочистување на спиското нема и побара изборите да се одложат за јуни или јули.
 
Амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли најавија дека најдоцна до 20 февруари ќе дадат оценка дали се иполнети условите за одржување на изборите во април.