ДИК на Црна Гора ги објави конечните резултати: Милатовиќ 58,9 отсто, Ѓукановиќ 41,1 отсто од гласачите
Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори во Црна Гора, според кои Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега, извојува убедлива победа, со поддршка од 58,9 отсто од гласачите.
Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), претседателот во заминување Мило Ѓукановиќ освои 41,1 отсто од гласовите, односно 66.823 гласа помалку од Милатовиќ.
Во неделата се одржа вториот круг од претседателските избори, а Ѓукановиќ го прифати поразот и му честиташе на противкандидатот Милатовиќ.
По поразот на претседателските избори, лидерот на ДПС реши да се повлече од функцијата лидер на партијата, која, со кратки прекини, ја извршуваше од 1997 година.
Ваквата одлука Ѓукановиќ во средата ја соопштил на раководството на партијата, а денеска треба да ја официјализира во Главниот комитет на ДПС.
Одлуката на Ѓукановиќ беше очекувана, бидејќи ја најави во кампањата за претседателските избори.
Ѓукановиќ, за време на своето тридецениско владеење, седум пати беше премиер, а во два мандата ја извршуваше должноста претседател на државата.
Вршител на должноста претседател на ДПС до партискиот конгрес и изборот на нов претседател ќе ја извршува претседателот на пратеничкиот клуб на таа партија во Собранието, Данијел Живковиќ, потврдија за агенцијата Бета од партијата.
Ново на Сител
-
Лејди Гага и Мајкл Полански планираат „скромна“ свадба
-
Прилеп - Градско и Ранковце - Крива Паланка готови до Нова година
-
Николоски: Поголемиот дел од автопатот Охрид - Кичево во функција до лето
-
Таравари: Утре првични информации за починатата родилка во Куманово
-
Болница Плодност: Со неверување ја примивме веста за прерано загинатите колеги, сочувство до семејствата
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога