-->
-->
ДИК ќе ги разгледува поднесените листи на кандидати за пратеници
-->
Државната изборна комисија денеска (12:30) на седница треба да ги разгледа и потврди поднесените кандидатски листи за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни годинава.
До синоќа на полноќ кога истече рокот, листи на кандидати за пратеници до ДИК доставија ВМРО-ДПМНЕ, Народно движење за Македонија (НДМ) и Социјалдемократската партија на Македонија.
Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.
По добивањето на листите, ДИК има 48 часа да утврди дали листата на кандидати е поднесена во утврдениот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Евентуалните недостатоци, подносителите на листите ќе треба да ги отстранат исто така во рок од 48 часа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени