ДИК ја разреши ОИК на Дебар, нов претседател на комисијата Рилинд Хаса
Државната изборна комисија ја разреши Општинската изборна комисија за Дебар, поточно нејзниот прв ешалон, додека остануваат и понатаму заменик-претседателот и замениците на членовите на комисијата.
На месото на Маџите Атипи, нов претседател на ОИК-Дебар е Рилинд Хаса, а потпретседател на комисијата и понатаму е Јованка Јосифовска.
-Ги презедовме обврските и продолжуваме со активностите околу спроведувањето на гласањето во недела на избирачо место 0543, каде изборите се повторуваат и за градоначалник и за членови на Советот на општина Дебар, изјави Хаса за МИА.
Како што е познато Управниот суд ја прифати тужбата на коалцијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, а ДИК врз основа на овие тужби донесе решение за повторување на гласањето, со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во оваа општина.
На избирачко место 0543 во единствениот избирачки список запишани се 777 лица со право на глас. Во првиот круг ова право го оставариле 484 од кои 16 ливчиња биле неважечки.
Во првиот круг кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Хекуран Дука, на ова избирачко место освоил 195 гласови или 40,29 отсто од запишаните, Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива 271 или 55,99 отсто, и Петрит Клења, кандидат за градоначлник од ДПА, два гласа или 0,41 отсто.
Во оваа општина има 27 избрачки места, во единствениот избирачки список се запишани 19.211лица. Во првиот круг правото на глас го искористиле 8.046 лица или 41,88 отсто. Најмногу гласови доби Поцеста 3.998 или 49,69 отсто, Дука 3.713 или 46,15 и Клења 47 или 0,46 отсто.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден