ДИК: Изборите поминаа беспрекорно, имавме успешен ден
Денеска имавме успешен ден. Изборите во организациско - техничка смисла поминаа беспрекорно, изјави вечерва претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски.
Во моментов пристигнуваат резултатите од општинските изборни комисии до ДИК. На веб-страницата на Државната изборна комисија сукцесивно во текот на вечерта ќе бидат објавувани првичните неофицијални резултати по електронски пат од избирачките места. Сите резултати ќе бидат дополнително верификувани од ДИК по добивање на официјалните оригинални записници за сумирање и утврдување на резултатите.
- Со оглед дека во рок од пет часа по завршување на гласањето сите избирачки одбори треба да ги предадат оригиналните записници до ОИК, целосна слика се очекува вечерва околу полноќ, рече Чичаковски.
Ново на Сител
-
Муцунски на средба со Рубио
-
Тема на денот со Љупчо Димовски, претседател на СПМ и вицепремиер
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Почна судењето за случајот„Адитив“ – ниту еден од обвинетите не чувствува вина
-
Вработени во Општата болница Прилеп осомничени дека украле над 2,2 милиони денари
-
Дали Весна Дамева смеела да гласа за нов претседател на Врховниот суд?
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата Гувернер на НБРМ
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства