ДИК: До 17 часот излезноста на иселениците 36,56 отсто, а во КПУ 64,69 проценти
Вкупно 985 македонски иселеници или 36,56 отсто до 17 часот излегле да гласаат за референдумското прашање, но во нив не се влезени оние од САД, Канада и Лондон (вкупно пет гласачки места), каде гласањето трае до 19 часот по локално време, соопшти вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.
Гласачките места, пак, во казнено-поправните установи низ земјава, вкупно 13, се затворени и до 17 часот излезноста е 64,69 отсто. Гласале 1.008 од евидентираните 1.558 лица со право на глас.
Според информациите од општинските изборни комисии, во своите домови гласале 1.520 болни или изнемоштени лица од запишаните 1.859, но ова гласање се уште трае додека сите што се пријавиле, не добијат можност да гласаат.
До овој момент, како што рече Гугучевска, ДИК добила три приговори за заштита на личното избирачко право, но сите се одбиени.
Пресекот од гласањата и излезноста до 19 часот ДИК ќе ги објави во текот на утрешниот ден.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентот што се случи во Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и веќе реагирале надлежните институции.
Со право на глас на референдумот на државно ниво во избирачкиот список се запишани вкупно 1.806.336 гласачи.
ДИК има издадено акредитации за набљудување на 11.907 домашни и 493 странски набљудувачки, 194 преведувачи и 83 странски новинари.
Ново на Сител
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени
-
Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба
-
Тепачка меѓу две групи во Неготино откако девојка пријавила дека била физички нападната во угостителски објект
-
Малолетник на електричен тротинет украл чанта од девојка додека седела во угостителски објект во Центар
-
Тешко повреден 18-годишник на мопед во Охрид откако автомобил удрил во него