-->
-->
Дијаспората ќе има свои пратеници!
-->

И покрај опструкциите кои ги правеа претставниците на ДУИ и ДПА, а особено лицемерниот однос на преговарачкиот тим на СДСМ, стотиците илјади Македонци кои живеат надвор од границите на својата татковина ќе добијат свои претставници во Собранието на Република Македонија на изборите кои ќе се одржат во април 2016-та година.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го обвини СДСМ дека само декларативно се залага за правото на глас на дијаспората, а на секој начин се обидува да го обезвредни значењето на сите Македонци кои живеат на сите континенти.
Овој став на владеачката партија беше поткрепен со привидната поддршка на Зоран Заев и СДСМ кон можноста за гласање на дијаспората, цело време цинично забележувајќи дека Заев и СДСМ нема да дозволат „ВМРО-ДПМНЕ да води со 3:0 од старт“ мислејќи на досегашните резултати од гласањето на дијаспората кои 100% беа во корист на владеачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ извојува огромна победа не за себе туку за дијаспората, за нивното право на глас и за нераскинливоста на врската која Македонците ја имаат со својата матична земја без оглед каде и да се наоѓаат, во ниту еден момент не откажувајќи се од нив и од нивното значење за Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри