Македонија
12. March 2024 - 16:39

Дијаспората без адреса во Македонија нема да гласа на избори

Иселениците кои немаат адреса на живеење во Македонија нема да можат да гласаат на престојните избори. Обединететата македонска дијаспора бара државата да најде решение со кое нема да се повреди гласачкото право на илјадниците македонци во дијаспората. Иако имале средба и со ДИК, нема најави дека може да се реши проблемот, кој постоеше и на претходните избори.

Гордан Јорданов од ОМД потврдува дека оние кои се иселени во границите на Европа веќе се организираат да се вратат до денот на изборите и да гласаат тука, останатите само симболично поседуваат македонски документи.

ОМД најавува дека ќе ги искористат сите можности за да пријават дискриминација која и на петходните избори беше нотирана. 

Но не само дијаспората, нема решение и за оние лица кои ќе наполнат 18 години во периодот меѓу двата изборни круга. Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реагираат дека не се прифатени нивните насоки во носењето на измените на изборниот законик. Предупредуваат дека секоја навреда и вознемирување може да биде пријавено до нив. 

Според КСЗД околу 7000 лица кои наполниле 18 години за време на претходните избори поднеле преставки дека биле дискриминирани од гласање. Во 2021-ва Комисијата утврди директна дискриминација направена од ДИК и индиректна која произлегува од Изборниот законик кога им било скратено правото на глас на оние кои наполниле 18 години, меѓу двата изборни круга.